Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави ново видео, составено од четири нови аудиоснимки од разговори меѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски – Боки 13 за случајот „Рекет“.

Од аудио снимките се слуша како Боки 13 откако ја зема торбата Луј Витон полна кеш, го известува Камчев дека и пратил порака на специјалната обвинителка дека работата е завршена.

Транскрипт од разговорот:

Б.Ј : И пратив порака на Катица дека завршивме. Изгледа дека уште пука денеска, му вели Боки 13 на Орце.

Ј.К: Кај пука? Она пука, отиде на стрелиште? 

Б.Ј: Да. Еднаш неделно.

После во разговорот се вклучува Зоки Кичеец кој го прашува Боки 13 дали носат пиштоли со нив, на што добива потврден одговор.