„Згрозена сум. На електрична столица да ме ставаа немаше да верувам во вакво нешто дека Катица Јанева може да зима пари“, вели за Пресинг Тв обвинителка од тимот на СЈО, која инсистираше на анонимност.
Обвинителката го видела неколку пати денеска објавеното видео за тоа како Бојан Јовановски и Зоран Милески ги земаат парите од Орце Камчев, кој беше обвинет во предметот „Империја“.
Долго време соработувавме, но морам да признаам дека барем пред мене никогаш не манифестирала никакви знаци за евентуална ваква постапка, нагласува таа.
Но,обвинителката потенцира две работи. Првата, дека видеото најверојатно нема да биде единствено за овој настан, зашто забележува дека е кратено, и второ, дека има несовпаѓање со датумите од видеото и одлуките на судските инстанци.
На прашањето како јавноста и граѓаните да имаат или да ја вратат довербата во останатите членови од тимот на Јанева, обвинителката е децидна:
Само детална и целосна истрага може да ги врати работите на свое место.
Објавеното видео носи датум од 20 февруари годинава. Ако се погледне решението на Врховниот суд со кое се укинува домашниот притвор на Камчев може да се утврди дека неговата седница и решението датираат од 4 март годинава, што ќе рече не цели две недели подоцна.
Од решението може да се види дека мерката притвор на Камчев, на барање на СЈО, првпат му е одредена на 10.11.2018 година со траење до 10.12.2018 година. Со решение на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје притворот е продолжен од 07.12.2018 за уѓште 30 дена до 09.01.2019 година, а Апелациониот суд мерката притвор ја ублажува во мерка куќен притвор на 27.12.2018 до 26.01.2019 година. Со решение на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, домашниот притвор е продолжен од 25.01.2019, сметано од 26.01.2019 до 08.02.2019 година и продолжен со решение на Апелациониот суд Скопје од 07.02.2019 за уште 30 дена сметано од 08.02.2019 до 10.03.2019 година.
Comments are closed for this post.