Кога премиерот на Северна Македонија Зоран Заев пред нешто повеќе од една година (април 2018), ги повика сите кои имаат пари да вложат во производување на лек од канабис, затоа што тоа е профитибилно, први дојдоа српските криминалци, пишува српски „Новости“.
Српскиот дневен весник тврди дека најмалку пет луѓе од српското подземје, што со директно купување, што преку партнерство со македонските „колеги”, станале сопственици на плодни полиња со коноп во оваа држава.
Но, не само крупни криминалци за овој нов вид на „работење” се имаат одлучено и луѓе чиј бизнис во Србија бил секогаш на раб од законот. Меѓународните организирани криминални групи, како последниот пример од Македонија, и покрај хуманитарната намера на тие кои ги пишуваат прописите, први реагираат на импулсот на пазарот, пишува „Новости“.
Еден контроверзен бизнисмен од Србија до сега вложил неколку десетици милиони евра во тие насади, вели извор на „Новости” близок на разузнавачките служби.
Најпрвин со македонски партнер купил земја, потоа ја обработиле како што треба, но обезбедиле и жица и капија. Имаат и 24-часовно обезбедување, што е еден од законските услови. Направено е и вештачко наводнување, и заштита од временски непогоди.
Не е само тој човек од Белград кој вложил пари за производство на канабис. По неговите стапки тргнале и наркобосови кои се зад решетки. Додека на вистинските бизнисмени им требаше време да реагираат на новите потреби на пазарот, луѓето од другата страна на законот внимателно ги следеа медиумите, особено кога станува збор за промена на прописите за легализација на марихуаната во медицински цели.
Со закон во Македонија е дозволено одгледување на канабис за медицински цели и правење лек и до сега се издадени осум лиценци, а уште четири или пет се во процедура, порачаа од северномакедонската влада (така не нарекуваат Србите). Заев изјавил дека лично ги поддржува ваквите бизниси. Имено од производство на лекови од канабис државата очекува нови работни места и годишно најмалку 100 милиони евра прилив, што е 0,1% од БДП.
Компаниите кои се занимаваат со овој бизнис почнале да го извезуваат и сушениот цвет од канабистот за преработка на масло на пазарите во Полска и Германија. Низ цела Македонија, но и во Хрватска (е легализирано производството, освен плантажи со канабис, изградени се и стакленици каде се одгледува оваа билка. Македонците најчесто во тие бизниси влегуваат заедно со српски државјани, но ги има и од Словенија, кои поседуваат фабрики за производство на лекови од канабис во Германија и Полска. Во последно време се заинтересирани и црногорски државјани кои се поврзуваат со трговијата со дрога.
Тие кои не можат да регистрираат вакви компании во Македонија, бидејќи имаат досие и се осудувани, за бизнис партнери избираат „чисти” државјани од оваа земја. Тие вложуваат само пари, а на таков начин купуваат и “чисто” потекло на нивните пари, вели изворот на „Новости“.
Сепак, новиот бизнис на српските криминалци, но и тие од регионот, будно ги следат и службите за безбедност. Тешко е да се помисли дека ќе се задржат само на легално одгледување и продажба. Наркотиците на црно и понатаму се најисплатливи.
Следиме се што се случува, посебно движењето на парите – предупредуваат лицата од службите за безбедност за „Новости“.
Comments are closed for this post.