Денес е Меѓународен ден на пивото. Специјалниот ден во чест на пивото се слави уште од 2007 година, секогаш паѓајќи на првиот петок во август.
Празнувањето го почна сопственик на локален бар во САД, одличен љубител на пиво. Набргу потоа, тоа беше веќе меѓународен празник.
Информациите на официјалната веб-страна на иницијативата укажуваат дека Меѓународниот ден на пивото се слави во пабови, пивари, паркови и дворови низ целиот свет.
Мотото на денот е „Имајте добро пиво со добри пријатели“.
Пивото се прави од четири главни состојки – вода, јачмен, хмељ и квасец. Меѓутоа, со текот на годините, љубителите на пивото додадоа свои дополнителни вкусови.
Според историчарите, пивото се појавило во средината на 10-ти милениум п.н.е кога започнало одгледување житни култури. Во 1516 година во Германија беше донесен закон за чистота за пиво, според кој треба да се користи само вода, јачмен и хмел за негово производство.
Comments are closed for this post.