Светската поп звезда Џенифер Лопез ќе одржи концерт во турскиот центар за одморалиште на Анталија на 6-ти август, како дел од нејзината турнеја  “It’s My Party”. Концертот ќе се одржи во луксузен хотел во одморалиштето Белек, а пејачката ќе остане на сцената два часа.

Организаторите  на концертот велат  дека се преземени исклучителни безбедносни мерки, а подготовката траела  скоро една година.

Звездата ќе биде сместена во  (Crown Villa).  Вилата е позната по тоа што таму престојувал  турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кога беше домаќин на самитот Г20 во Анталија во 2015 година.

Билетите за концертот се со цена од 7.000 турски лири (1.135 евра) до 50.000 евра за оние кои сакаат да бидат во ложа.

Особено за пејачката  ќе бидат доставени бели рози од регионот на Испарта, кој е познат како Турска долина на розите. Специјален тим го посети хотелот за да изврши увид во подготовките, сцените, осветлувањето, звукот итн.  Лопез заедно со нејзиниот тим од 90 луѓе ќе пристигнат со два авиони и ќе заминат веднаш по концертот на 7 август.

Децата на  Лопез ќе ја придружуваат за време на престојот во Анталија. Тие исто така ќе уживаат во специјални подготовки, со посебен детски клуб во хотелот специјално подготвен за нив.