Зголемен е прометот во трговијата на мало, соопшти Државниот завод за статистика.
Во јуни годинава во споредба со јуни 2018, зголемување на прометот е забележано во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 8,8 отсто, а реално за 7,8 проценти) и со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 5,7, а реално за 5,6 отсто).
Во трговијата на мало со автомобилски горива, прометот е номинално намален за 3,7 отсто, додека реално е зголемен за 1,1 процент.
Comments are closed for this post.