ВМРО-ДПМНЕ прави очајнички обид да ја дефокусира јавноста од аферите во кои е инволвиран Христијан Мицкоски, продолжената рака на Никола Груевски.Денешната снимка самата покажува на јавноста што значи одделување на партијата и државата.

Станува збор за снимка направена на партиски состанок, во партиски простории, во предизборие, кога се бара глас повеќе од граѓаните како и во секоја друга кампања, вели Миле Талевски, претседател на општинската организација на СДСМ, како одговор на денешната „бомба“ на ВМРО-ДПМНЕ

Јас и Горан Сугарески, на тој редовен состанок во партијата, сме во улога на партиски функционери кои одржуваме партиски состанок во партиски простории, надвор од работно време.Тоа е сосем спротивно од времињата на мвро-вмро, кога во институциите се држеа партиски состаноци и се малтретираа вработените.На снимката јасно се слуша дека ги повикувам нашите членови, независно каде се вработени, да работат исклучиво согласно закон,  професионално, чесно, без најмала доза на ароганција, и сето тоа во интерес на граѓаните.Јасно велам “не барам да се прави ништо незаконско”.Во инструкциите кон партиските членови нема ништо негативно, насочено ниту против граѓаните воопшто, ниту против нивни-колеги од други политички опции.Напротив, се бара од оние што се вработени во институциите, а се партиски членови, да покажат, пристојно, достоинствено однесување, поголема достапност и да им се излезе во пресрет најмногу на барањата  граѓаните.

Тој повторува дека на снимката нема ниту збор за уцени, закани, или  било какви условување по работно место.