Иако се честа мета на критики, ниту војвотката Меган, ниту нејзината ПР-служба, а ниту Кралското семејство не очекуваа неверојатно негативни коментари од новиот медиумски потег. Нејзиното уредување на септемврискиот број на британскиот магазин Вог крена многу прашина, а судејќи по британските медиуми, Меган згрешила во секој чекор.

Политичката определба, член на кралското семејство никако не смее да го истакнува, а како што пренесуваат британскит медиуми, Меган тоа го прекршила во два наврати.

Прво, главното интервју во магазинот Вог, Меган избрала да биде со поранешната Прва дама на САД, Мишел Обама, а втората работа е што една од 15-те жени избрани на насловната страна на магазинот е премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн. Со тоа, велат, Меган ги покажала своите политички преференци и влегла во строго забранета зона за кралското семејство.

 

View this post on Instagram

 

We are proud to announce that Her Royal Highness, The Duchess of Sussex is the Guest Editor for the September issue of @BritishVogue. For the past seven months, The Duchess has curated the content with British Vogue’s Editor-in-Chief Edward Enninful to create an issue that highlights the power of the collective. They have named the issue: “Forces for Change” For the cover, The Duchess chose a diverse selection of women from all walks of life, each driving impact and raising the bar for equality, kindness, justice and open mindedness. The sixteenth space on the cover, a mirror, was included so that when you hold the issue in your hands, you see yourself as part of this collective. The women on the cover include: @AdwoaAboah @AdutAkech @SomaliBoxer @JacindaArdern @TheSineadBurke @Gemma_Chan @LaverneCox @JaneFonda @SalmaHayek @FrankieGoesToHayward @JameelaJamilOfficial @Chimamanda_Adichie @YaraShahidi @GretaThunberg @CTurlington We are excited to announce that within the issue you’ll find: an exclusive interview between The Duchess and former First Lady of the United States Michelle Obama, a candid conversation between The Duke of Sussex and Dr Jane Goodall, inspirational articles written by Brené Brown, Jameela Jamil and many others. Equally, you’ll find grassroots organisations and incredible trailblazers working tirelessly behind the scenes to change the world for the better. “Guest Editing the September issue of British Vogue has been rewarding, educational and inspiring. To deep dive into this process, working quietly behind the scenes for so many months, I am happy to now be able to share what we have created. A huge thanks to all of the friends who supported me in this endeavour, lending their time and energy to help within these pages and on the cover. Thank you for saying “Yes!” – and to Edward, thank you for this wonderful opportunity.” – The Duchess of Sussex #ForcesForChange

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on

А потоа, главниот гаф, игнорирање на кралицата Елизабета втора, но и целото кралско семејство. Британците сметаат дека Кралицата и тоа како требало да го добие местото на насловната страна, меѓу 15-те жени кои го менуваат светот, како и дека направила многу повеќе отколку „било кои блогерки и пропаднати актерки“.

Тука е и обвинувањето за безсрамно копирање. Книгата „The Game Changers“ која во Австралија е издадена во 2017 година на насловната страна исто така има 15 жени кои го менуваат светот, меѓу нив и самата Меган. Авторката на книгата е згрозена.

„Тоа на некој начин ни ласка, бидејќи очигледно е дека на Меган и се допаднал нашиот концепт. Ја почитувам и сум голем обожавател, но ако тоа што луѓето го кажуваат вистинито, многу сум разочарана“, изјавила за Дејли Меил авторката на книгата Саманта Брет.

Уште еден детаљ ги налути британските медиуми. Во видео за соработката со Меган, уредникот на британскиот Вог ги раскажа своите мислења. „Да го имате највлијателното светло на промената на оваа земја како уредник на Вог е голема чест, задоволство и преубаво изненадување“, изјави Едвард Енинфул. Бројни коментатори и колумнисти за тоа забележаа дека е самофалење.

Фактот што воопшто дозволила тоа да се каже за нејзе е доказ дека нејзиното его е надвор од контрола, напиша новинарот Пиерс Морган. Инаку, на насловната страна не сакала да се стави себе си, бидејќи тоа и се чинело – самобендисано.