Власта и опозицијата ги обдлокираа преговорите за предлог законот за Јавно обвинителство. Вчера во владата се одржа средба за која претставникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
Тој ја оцени средбата како конструктивна и дека се договориле „околу финансирањето на обвинитеството и за поголема одговорност на обвинителите“.
Задоволни сме од средбата, затоа што беше продуктивна. Се постигнаа приближувања на ставовите по две точки од областа за обвинителство. Првата точка за која разговаравме беше зголемување на буџетот на целото јавно обвинителство, со тоа што утврдувањето на конечниот процент би ја утврдиле по дополнителни консултации со Министерството за финансии, вели Милошоски .
Она за што засега нема договор е законот за попис. Откако Заев рече дека тој нема да се одложи од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека тој мора да биде според стандардите на Европстат.
Конкретно, опозицијата не се согласува оние што не живеат во Македонија да се попишуваат со матичните броеви туку да се попишува само резидентното население.
Comments are closed for this post.