Во буџетот имаме 400 милини евра капиталните инвестиции, но има и дополнителни 500 милиони што се надвор во ЈП за државни патишта, ЕСМ, МЕПСО и други институции. Најголемиот дел се во транспорт и врски, железницата, гасификацијата и патиштата во делот на дотации од буџетот. Во железницата веќе го кренавме процентот на реализација во делот за кој имаме веќе склучено договори и ако до крајот на август заврши изборот или техничкиот дијалог на втората фаза што е преку 140 милиони евра, веднаш ќе имаме зголемена динамична активност во делот на железницата. Веќе го подготвуваме и третиот пакет од 405 милиони евра. Тоа е се до бугарската граница каде имаме и дополнителни 60 милиони евра, изјави премиерот одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека во делот на гасификацијата реализацијата е стигната 49 отсто во првата половина и верува дека ќе се надоместат дополнителни средства за последните месеци со ребалансот на буџетот бидејќи реализацијата оди со одлична динамика.
Според премиерот доколку се крати кај капиталните инвестиции тоа ќе биде кај кредитната линија за железницата и тоа во мал процент поради самата динамика, како и во мал дел во проектите за рамномерен рурален развој бидејќи, како што појасни, станува збор за ИПА проекти кај кои мора да биде завршена контролата во целост.
Заев потенцира дека во образование најголем дел од проектите се решени и се градат основни, средни училишта, спортски сали, каде се предвидени две милијарди евра, 1,2 милијарди во одбраната, каде очекува над 90 проценти да бидат реализирани до октомври кога ќе бидат набавени оклопни возила, а МВР има 1,5 милијарди евра.
Сето ова ни кажува дека, согласно сите напори што ги нарпавија сите министри, Бектеши, Анѓушев, тогаш Тевдовски и Николовски и Сугарески даваат можност да гледам како што се проектирани капиталните инветсиции да имаат извесност на реализација поголема од 80 отсто. тој дел помеѓу 90 и 100 отсто ќе го скратиме и ќе го реалоцираме таму каде што може да се реализира, рече премиерот.
Тој изрази уверување дека капиталните инвестиции ќе бидат сериозна поддршка на севкупниот економски раст и развој, бидејќи, како што посочи, повеќе растот не зависи од јавната потрошувачка на буџетските пари.
На времето од Проектот 2014 зависеше растот, сега растот се темели на растот и развојот на приватниот сектор, но добредојдена е државата да помогне. Важна е максимилизација на реализаицја на капиталните инвестиции, рече премиерот и потеницра дека досега е задоволен од реализацијата, која кај гасификацијата е 49 отсто.
Заев оцени дека бројките даваат право за оптимизам и дека претходните проблеми се надминати, односно преходните прашања што биле причина за слаба реализација се надминати.
Comments are closed for this post.