При поставување експлозивни средства за минирање во јама на рудникот „Тораница“ – Крива Паланка вчера во попладневните часови се случи несреќа, во чии рамки беа повредени тројца рудари од овој рудник. Kако последица на сериозноста на повредата и видот на ранувањето, еден од нашите вработени подлегна на повредите, додека останатите двајца беа пренесени во ЈЗУ Општа Болница “Куманово“, информираат од компанијата „Булмак 2016“ ДООЕЛ Пробиштип.
Одговорни лица од нашата компанија, порачуваат, се во континуиран контакт со болницата и ја следат состојбата на повредените колеги.
-За овој трагичен настан компанијата „Булмак 2016“ веднаш ги извести сите надлежни институции и органи кои пристапија со истражна постапка на местото на несреќата. По завршување на целата истражна постапка од страна на надлежните органи, компанијата „Булмак 2016“ ќе преземе дополнителни мерки за утврдување на околностите на несреќата во соработка со компаниите – добавувачи на експлозиви и детонатори кои се користат во рамки на редовната работа во рудникот, порачуваат од компанијата и изразуваат искрено и длабоко сочувство и жалење до семејството на починатиот колега, а на другите двајца им посакуваат што поскоро заздравување.
Comments are closed for this post.