Со десет гласа „за“, седум „против“ и без воздржани Комисијата за уставни прашања во Собранието на Република Македонија по дводневна расправа го усвои предлогот на Владата за пристапување кон измени на Уставот.
Беа донесени заклучоци за пристапување кон уставни измени и Владата во рок од 15 дена да изготви нацрт-аманадмани и да ги достави до Парламентот.
Претседателот на Собранието Талат Џафери објасни дека за да се пристапи кон изменување на Уставот на седницата која треба да се одржи в понеделник ќе биде неопходно двотретинскло мнозинство на гласови.
Жестока расправа имаше денеска во матичната комисија. Власта и опозицијата со свои аргументи зошто треба или не треба да се направи промена на Уставот. За пратениците од опозицијата договорот е шанса Македонија да ги почне преговорите со ЕУ и да стане членка на НАТО и дека подобар договор не може да се постигне.
Пратеникот Трајчо Димков му реплицираше на шефот на дипломатијата Димитров дека треба да ја носи одговорноста за потписот на Договорот од Преспа на што тој му одговори дека му е гордост.
Највпечатливо во обраќањето на премиерот Зоран Заев е што тој уште една потврди дека немаат двотретинско мнозинство за промена на Уставот.
Дефинитивно НАТО и ЕУ останува нешто што политички, етнички и верски не држи заедно. Вредно е да се размисли, а едноставно е да се каже не. Без опозицијата ништо не можеме да направиме во овој парламент, немаме дво-третинско мнозинство. Имаме време сега и на пленарна седница. Граѓаните ќе бараат одговори, дали сме биле на ниво на историската одговорност-рече Заев.
Comments are closed for this post.