Љубовникот на покојниот пејач Џорџ Мајкл ,Фади Фаваз , бесен поради изгубениот судски спор за сопственост , ја демолирал куќата вредна 5 милиони евра.
Фади Фаваз ја демолирал куќата и кршел се што можел во луксузната куќа на Мајкл , вредна 5 милиони евра. Тој го изгубил судскиот спор со семејството на пејачот , тврдејќи дека Џорџ Мајкл му ја оставил куќата на користење.
“Тоа беше долг процес за да го исфрлиме од куќата, тврдеше дека Џорџ Мајкл еднаш му рекол дека може да ја користи куќата колку што сака, а тој секогаш се повикуваше на таа реченица. Но, семејството на Џорџ сега победи што го предизвика неговиот гнев “рече изворот, и истакна дека сите прозорци биле скршени во куќата.
Полицијата соопшти дека скапата вила претрпела значителна штета и дека дури и интервенирале надлежните за да спречат излевање на вода. Она што е интересно, Мајкл не го спомнал својот љубовник во тестаментот.
Соседите тврдат дека честопати го гледале Фади како спие на терасата. По поминатат ноќ во полиција, Фаваз бил ослободен.
Comments are closed for this post.