Со одлука на федералниот суд, се забранува натпревари од Примера и Сегунда да се играат во петок и понеделник. Ваквата денешна одлука ја продолжи војната помеѓу Кралската шпанска фудбалска федерација и Ла Лига.
Така, според федерацијата шпанските дуели во шампионатот може да се играат само во сабота и недела.
Датумите и часовите за првите три круга во Шпанија беа променети. Шампионот Барселона требаше да ја отвори новата сезона во Ла Лига во петокот вечерта, кога требаше да гостува на Атлетик во Билбао. Натпреварот беше преместен во сабота (17-ти август) во 20:45 часот. Така, во сабота, се предвидени седум натпревари од шпанската елита.
Набргу по одлуката, од Ла Лига издадоа официјално соопштение дека датумите и часовите на натпреварите ќе останат како што беше најавено однапред – со натпревари во петок и понеделник.
„Ла Лига јасно вели дека е единствената организација која има право да го постави датумот и времето на натпреварите, велат оттаму.
Comments are closed for this post.