Украинскaтa безбедносна служба соопшти дека го запленила рускиот танкер „Нејма“ во украинското пристаниште Измаил, јавија руски медиуми.
Случајот е поврзан со инцидентот од ноември 2018 година меѓу двете држави во Керченскиот Теснец. Тогаш руската воена морнарица задржаа 24 украински морнари и три бродови под обвинение дека незаконски навлегле во руските територијални води, а Киев негираше.
Според Украинската безбедносна служба тогаш танкерот „Нејма“ кој пловел под руско знаме го блокирал преминувањето на украински воени бродови низ Керченски Теснец.
Москва го оквалификува задржувањето како незаконско и предупреди дека тоа дополнително ќе ги влоши односите меѓу двете држави.
Руското Министерство за надворешни работи побара објаснување за задржувањето на танкерот
Comments are closed for this post.