Европскиот шампион Вардар ги започна подготовките за новата сезона. Првиот дел е резервиран за набивање кондиција и за фитнес салата. Ракометариите под водство на новиот тренер посветено ги извршуваат обврските.
Секоја капка пот ќе донесе резултат. Ништо не е тешко кога имаш цел пред себе-стои на нивната Фејсбук страница.
Првиот тест Вардарци ќе го имаат кон крајот на август на Супер глоуб“ кога ќе се борат за титулата светски клубски шампион а во септември почнуваат настапите во СЕХА лигата и Лигата на шампионите.
Comments are closed for this post.