Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.Л. (21) и К.Л. (24), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 08.05.2019 во Медицински центар Кичево, пријавените физички го нападнале А.С. (35) и му нанеле телесни повреди.