Здраствената сотојба на Михаел Шумахер е строго чувана тајна. Во јавноста ретко излегуваат детали поврзани со неговото опоравување по тешката несреќа која ја доживеа на скијање во 2013 година.

По несреќата, славниот возач на Формула 1 беше во индуцирана кома цели шест месеци, а неговото семејство само понекогаш ќе ја информираше јавноста за неговата здравствена состојба. Ситуацијата и денеска е иста.

За Шумахер не се знае речиси ништо, а единствен кој колку-толку ги информира луѓето за легендарниот Германец е поранешниот шеф на Ферари тимот, Жан Тод кој е еден од ретките што има право да го посети Шумахер.

„Се разбира дека нашето пријателство не може да биде исто како некогаш. Не можеме веќе да комуницираме како претходно“, изјавил Тод.

Но, оваа информација и понатаму не открива во каква состојба е германецот, а Тод призна дека за Михаел се грижат многу добро и ништо не му недостасува.

За Михаел се грижат многу добро. Живее со семејството во куќа помеѓу Женева и Лаусане и продолжува да се бори, како и неговите блиски. Мислам дека моите посети му помагаат заради позитивните мисли, рече Французинот.

Поранешниот светски првак во Формула 1 со месеци беше во кома, а потоа од болница беше префрлен на домашна нега во неговата куќа, далеку од очите на јавноста.

Неговата сопруга не сака да открие информации за неговата состојба па неретко се појавуваат вести кои не се вистинити, а се плод на сензационалистички натписи.

Шумахер со своето семејство наводно живее и се лечи во огромна вила во Гладе, Швајцарија. Неговото лекување чини околу 50 илјади долари, а во куќата се наоѓа и посебна амбуланта и лекари кои секојдневно се грижат за него. За неговата состојба изминатите години се пласираа неколку лаги, Дејли меил дознава дека Германецот не е прикован за кревет и не се храни преку цефка.

Жан Тод често го посетува во неговата куќа во Швајцарија, а во една прилика изјави дека заедно гледа трка од Формула 1.

„Отсекогаш внимавам со било какви изјави, но тоа е вистина. Гледав трка заедно со Михаел во неговата куќа, потврди Тод.