Владата го усвои Предлог законот за Јавното обвинителство. Истиот се очекува да биде доставен до Собранието. Ако текстот се достави до утре, шефот на парламентот Талат Џафери ќе ја закаже седницата за прво читање следниот понеделник.
Ако таквиот предлог пристигне во текот на денот или евентуално утре во Собрание, нема сомнение дека Собранието ќе ги спроведе своите обврски. Ако пристигне во текот на овие два дена, 29 јули е денот кога можам да свикам седница за разгледување, ако не, здравје, по одморите – рече Џафери.
Доколку постои политички консензус, Законот може да се донесе до крајот на август.
Законот може да помине до крајот на август. Нема потреба да се оди до 15 – ти септември. Но, тоа не зависи од процедурите и роковите во Собранието. Тоа зависи од консензусот што треба да го постигнат политичките партии, за што ќе мора да расправаат овде. Доколку не постои консензус, тие можат да дебатираат со недели, денови со амандмани и да ја одолжат постапката. Во формален контекст, никој не може да каже што и до кога може да се затвори. Може да биде уште пократок? Да доколку постои претходен консензус – додава Џафери.
Во Предлог законот за Јавно обвинителство, Владата предвидува сите вработени во СЈО да се систематизираат во Обвинителството за организиран криминал. Опозицијата се противи на такво нешто. Според ВМРО ДПМНЕ, треба да се ревидира листата на вработени со цел да се избегне конфликт на интереси.
Comments are closed for this post.