Завршено е вештачењето на одземениот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но во интерес на натамошната истрага, деталите засега, нема да се споделат во јавноста.
Што е констатирано при вештачењето и дали тоа ќе и донесе статус на осомничена на Јанева, од Обвинителството само посочуваат дека „ќе биде обелоденето кога ќе се создадат услови за тоа“.
По барање на судот на Јанева и е одземен еден од двата мобилни телефони кои ги поседувала истиот ден кога Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец беа уапсени. Само неколку часа пред тоа јанева си поднесе оставка.
Вториот мобилен, како што викендов објави обвинителката Вилма Рускоска, повикувајќи се на изјава на синот на Јанева бил изгубен во Белград.
Comments are closed for this post.