Фаворитот за иден премиер на Велика Британија Борис Џонсон во авторски текст за „Дејли Телеграф“ изјави дека неговата земја може да излезе од ЕУ со постигнување договор за слободна трговија, што од своја стрна може да ја елиминира потребата од еден од попроблематичните елементи во претодниот договор меѓу Лондон и Унијата.
Во текстот Џонсон истакнува дека може да се направи да отпадне неопходноста од безбедносниот механизам за Северна Ирска, такаречен „бекстоп“. Овој механизам е дел од претходниот договор меѓу ЕУ и Велика Британија, но многу од британските пратеници го отфрлија.
Има многу можности да се најдат вистинските решенија – и тие можат и ќе се најдат во контекст на договор за слободна трговија кој ќе го договориме со ЕУ … откако ќе заминеме на 31 октомври. Можеме да излеземе од ЕУ на 31 октомври и, да, со сигурност имаме технологија да го направиме тоа. Она што сега ни е неопходно е волја и елан“ – напиша Џонсон.
Comments are closed for this post.