Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека МВР нема обврска да знае каде се граѓаните на државата во кој било момент, освен ако има налог од надлежен обвинител или надлежен суд. На тој начин, министерот Спасовски одговори на новинарско прашање дали полицијата знае каде се наоѓа специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Ако тргнеме од принципот дека МВР треба да знае каде се наоѓа секој граѓанин во одреден момент, тогаш тоа не е демократска држава. МВР постапува исклучиво според наредби кои ги издаваат надлежниот обвинител или надлежниот суд – изјави Спасовски кој присуствуваше на конститутивната седница на Советот за превенција на Прилеп.