Отстранувањето на Турција од програмата за ловците „Ф-35“ ќе има ефекти врз силата на НАТО, особено на Јужното крило, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар за агенцијата Анадолија.
Тој додаде дека очекува „од САД да избегне чекори со кои ќе се нарушат односите меѓу двете земји“ и притоа додаде дека „едностраната и нефер одлуката не е заснована со легитимна оправданост“.
Во меѓувреме се огласи и поранешниот американски командант во НАТО, адмиралот Џејмс Ставридис истакна дека доколку се загуби Турција, втората најголема армија во алијансата, тоа ќе биде сериозна геостратегиска грешка.
Comments are closed for this post.