Српскиот претседател Александар Вучиќ доби дозвола од Министерството за внатрешни работи на Косово да ја посети јужната српска покраина во текот на претстојниот викенд.

Косовската полициска служба (КПС) соопшти дека на Вучиќ му било одобрено барањето да остане на Косово во сабота и недела, на 8 и 9 септември, како и маршрутата за време на која треба да го обезбедуваат припадниците на Специјалните сили на КПС. Во согласност со одобрението на МУП, Косовската полиција ќе ги обезбеди патиштата и локациите на кои ќе престојува Вучиќ.

Очекуваме директиви од командата на КПС, официјален налог и известување дека Вучиќ ќе остане во Космет – велат од полицијата.

КПС тврди дека нивната команда за северно Косово сé уште не добила официјално одобрување за посетата на Вучиќ, ниту наредба да се применуваат безбедносни мерки.