Иако официјалните бројки велат дека туристичката сезона во Црна Гора е на ниво од мината госдина, па дури и подобра, туристичките работници се жалат дека приватното сместување е полупразно. Според нив, реално е стравувањето дека ако се продолжи со истиот тренд до крајот на летото тогаш туристичката сезона ќе доживее колапс.
Особено лоша е состојбата во Будва, каде што туристичките работници се едногласни дека состојбата е многу полоша од лани и тврдат дека најчесто гости им се слабо платежни туристи или гости што ги закупуваат креветите на една-две ноќи, објавува „Вјести“.
Според претседателот на секторот на туристички агенции во црногорското туристичко здружение, Петар Ивковиќ, податоците од дигиталните интернет канали за продажба велат дека има речиси 40 проценти помалку индивидуални резервација. Според тие податоци, тие резервации и гости се „прелеале“ во Турција, Грција и Египет.
Ивковиќ истакнува дека во целост се согласува со оценките што неодамна беа објавени во хрватските медиуми, за проблеми што се речиси идентични со тие во Црна Гора.
Во Хрватска луѓето почнаа да зборуваат дека постои проблем во делот на приватното сместување. Тие признаваат дека биле алчни и ги подигнале цените, но сега делуваат почнаа да го решаваат проблемот. Кај нас не се зборува за тоа. Имаме голем проблем во приватното сместување, но никој не сака да се занимава со тоа – вели Ивковиќ.
Како што наведува Ивковиќ, и математички може да се дојде до заклучокот дека приватното сместување е полупразно доколку се погледнат намалените количества на потрошена вода или собран комунален смет.
Comments are closed for this post.