Агенцијата за млади и спорт поднесе кривична пријава против Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на ФФМ, актуелниот претседател Муамед Сејдини, кој во периодот за које пријавен бил потпретседателот на ФФМ, неколкумина членови на Управниот одбор и до претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини.
Според кривичната, тие се пријавени за злосторничко здружување, злоупотреба на службена должност и овластување и фалсификување на истрага.
Во периодот по 29.07.2012 година Ѓорѓиоски, тогашен претседател на ФФМ, избран е на вонредно Генерално собрание на кое е одржан и усвоен и Предлог статут подготвен од работна група на ФИФА, УЕФА и ФФМ на незаконит начин. Тој при спроведување на истиот во Централен регистар наместо да го спроведе законски донесениот статут на собранието на ФФМ врши незаконито променување на содржината на Стаутот и го додаваат членот 37 со следниот текст:
Комисијата за верификација на регистрација на фудбалери и клубови на ФФМ-Редакциски одбор на Макфудбал ги верификува регистрирањата на клубовите и фудбалерите, фудбалерите во мал фудбал и фудбал за жени и ги објавува сите одлуки на органите на ФФМ. Таа комисија се состои од претседавач, заменик-претседавач и три члена кои по промената на членот 37 се менуваат за еден број и се зголемуваат за плус еден член, стои во пријавата, поднесена до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Comments are closed for this post.