Испитаниците, како што стои во објавената Анкета, ги поврзуваат ваквите очекувања со продолжување на поволните трендови од претходната и првиот квартал на оваа година, олабавувањето на монетарната политика, довербата и очекувањата на економските субјекти, владините мерки за поддршка на претпријатијата, очекуваната интеграција во НАТО и ЕУ, зголемувањето на инвестициската и извозната активност, инфраструктурните проекти најавени од државата, како и со растот на личната потрошувачка поврзан со растот на просечната плата, кредитирањето и пониската невработеност.
Во однос на мартовската анкета, испитаниците имаат очекувања за посилен раст на економијата во периодот од 2019 до 2021 година.
Испитаниците очекуваат и постепено забрзување на инфлацијата. Во 2019 година очекуваат таа да изнесува 1,6 отсто, 1,8 наредната година и 1,9 отсто во 2021 година.
Умереното забрзување на инфлацијата, испитаниците го објаснуваат со повеќе фактори, како што се зголемената минимална плата, повисоката домашна побарувачка, повисоките цени на енергијата согласно очекуваниот раст на цената на нафтата на светскиот пазар, како и општиот раст на светските цени на примарните производи.
Во споредба со претходната анкета, очекувањата се променети во надолна насока за 0,2 процентни поени за 2019 година и 0,1 процентни поени за 2020 и 2021 година.
Comments are closed for this post.