Во рамки на фестивалот „Summerland” во Градски парк, викендов ќе бидат одржани неколку настани и музички перформанси.
За денеска е предвидена детска програма. Од 17:00, влезот во Зоолошка градина Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18:00, посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк“, возејќи се на вовче. Вечерта од 22:00, на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена јабука“.
Во недела на Школка , од 19:00 децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ Карпош и интерактивната боенка „ЗОО Азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21:00 часот на главната сцена, настапуваат рокенрол бендот- Културно Уметнички Работници.
Comments are closed for this post.