Неколку момчиња од Мадрид изведоа опасен потфат влегувајќи на стадионот Висенте Калдерон, што се наоѓа во процес на уривање.
Целта на момчињата, како што велат, била да направат последен видео-поздрав и да ги овековечат последните слики од еден од најлегендарните шпански фудбалски храмови, кој наскоро ќе го снема.
Со ова видео покажуваме како влеговме на стадионот Висенте Калдерон додека го уриваат. Нашата единствена цел беше да создадеме аудиовидео материјал и да прикажеме каков е моменталниот изгед на стадионот. Во ниту еден момент не направивме никаква штета и се однесувавме со максимална можна почит – објаснуваат момчињата на видеото.
Comments are closed for this post.