Во Археолошкиот музеј во Скопје, вечерва е отворена казахстанската изложба „Великата стена: Историја и култура“, во чиј фокус е Златниот човек од 5 век п.н.е. познат како „казахстански Тутанкамон“ кого научниците го идентификувале како 18-годишен воин од скитското племе Сака.
На изложбата, која се одржува во рамки на проектот „Процесијата на Златниот човек во музеите ширум светот“, покрај златниот воин, се претставени речиси 200 други вредни археолошки наоди, меѓу кои и сребрената чаша од Исик со сè уште недешифриран натпис, значајна затоа што сведочи дека писменост во Великата степа во централна Азија постоела и пред три илјади години.
– Велат дека Казахстан е земја во која се соединуваат Европа и Азија. Нејзината историја, култура и културното наследство денеска се претставени преку ексклузивните предмети, како накит, воена опрема, традиционални ракотворби, кои говорат за историското траење на оваа земја и нејзиниот културен идентитет, нагласи министерот за култура Хусни Исмаили.
Истакна дека изложба што ќе ни ја доближи земјата што ја живее својата цивилизациска сегашност врз темелите на сопственото богато минато.
– Денеска пред нас се артефактите кои ни ги илустрираат историските секвенци од културното наследство на Казахстан и кои истовремено се потврда за негувањето на мултикултурниот и мултирелигискиот аспект на граѓаните кои живееле и живеат на територијата на оваа држава, посочи Исмаили.
Директорот на Археолошкиот музеј Горан Санев, наведе дека изрази задоволство што токму Археолошкиот музеј во Скопје е избран да биде дел од казахстанскиот проект.
– Оваа изложба насловена „Великата степа: Историја и култура“, со внимателно направениот избор од најзначајните експонати од збирката на Националниот музеј на Република Казахстан, во изминатите две години го привлекоа вниманието на милионската публика ширум светот, па од таму до толку поголемо е задоволството што токму нашиот музеј беше избран како еден од домакините на оваа светска турнеја на изложбата, потенцираше Санев.
Наведе дека, во неопходноста да се претстави што повеќе од културното наследство на Казахстан, ова претставување опфаќа поголем хронолошки период од четвртиот милениум пред нашата ера, па се до 19-от век.
– Со оглед на тоа дека ова е прво претставување на културите на Великата степа на Балканот воопшто, сосема сум сигурен дека изложбата нема да ве остави рамнодушни, но сакам да нагласам и декаова е само почеток на ново меѓународно партнерство, на Археолошкиот музеј, соработка која подразбира и реализација на други изложби од ваков ранг, кај нас и во Казахстан, заклучи директорот на Археолошкиот музеј.
Изложбата „Великата степа: Историја и култура“ во Археолошкиот музеј ќе може да се види до средината на месец август
Comments are closed for this post.