Димитар Димовски утринава се пожалил на дијареа и побарал лекарски преглед во Истражниот затвор Скопје во Шутка каде се наоѓа во притвор, а денеска требаше да присуствува на рочиште за предметот на СЈО со кодно име „Топлик“, заедно со екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Меѓутоа, обајцата не стигнале на време, па рочиштето е одложено за 6 септември. Доцнењето било околу 25 минути и засега е нејасно зошто судијата немал трпение малку да почека, туку веднаш го одложил рочиштето. Судијата Осман Шабани изјави дека судот не добил информација зошто не биле реализирани барањата за спровод на обвинетите.
На рочиштето не присуствувал и судијата поротник.
По извршениот лекарски преглед на Димовски, лекарот од истражниот затвор го одобрил спроводот.
Во „Топлик“ првоосомничен е екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“. Освен него, осомничени се уште пет лица.
Comments are closed for this post.