Еден од руските комичари што го измами Заев, во интервју за Република.мк вели дека и македонскиот премиер во својот политички подем користел снимки, и тоа прислушкувани разговори од други политичари, и додава дека тоа, но и содржината од разговорите што ги имале со него, покажуваат дека Заев не е баш чист.
Tој користеше вакви тактики. И ние ги користиме, но ние не го прислушкувавме кога зборува со други водачи. Ние само го објавивме нашиот разговор со него, не користевме никаква посебна машинерија, го објавивме само нашиот разговор со него. Тој се преправа дека е паметен политичар, и би требало да биде подготвен на било која провокација. Заев и самиот користел валкани трикови, во нашиот разговор се зборува за корупција, за разни други работи. Тоа ви кажува дека тој не е баш чист. Тоа не беше нашата цел, но Заев си го покажа лицето. Не би сакал да кажам дали тој е во право или не, но се покажа кој е. Не се покажа во многу добро светло, барем според мене, можеби неговите гласачи ќе мислат поинаку, додава Столјаров.
Comments are closed for this post.