Францускиот претседател Емануел Макрон на 15 јули ќе допатува во прва официјална посета на Србија. Тој од Москва каде ќе има средба со Путин доаѓа во Белград на средба со првиот човек на Србија, Александар Вучиќ.

Србија е едиствената земја од регионот што Макрон ќе ја посети. Фокусот на разговорите ќе биде Косово и европската интеграција на Србија.

Макрон во Белград ќе биде чуван на највисоко ниво, а за неговата безбедност покрај српските специјалци ќе се грижи и француската Легија на странци, пишува „Курир.рс“. Весникот дознава и  дека во Белград Макрон ќе биде нагостен со сарма, проја и ајвар.