Заради загадување во реонот Ил-де Франс во Париз, изумреле околу 3,5 тони риба во Сена, јавува ТАСС повикувајќи се сајтот „Вен минут“.
Според информација на санитарните власти за реонот на Париз, причина за поморот била исфрлање на загадени материјали во Сена по избувнат пожар во инсталација за прочистување на отпадни води во комуната Ашер во департманот Ивлин.
Пожарот избил во зграда со површина од 1.000 метри квадратни во која бил складиран железен хлорид. Заради инцидентот кислородот во Сена се намалил и рибата изумрела.
Градоначалникот Филип Руло инцидентот го именуваше како „еколошка катастрофа“.
Прочистителната станица во Ашер е една од најголемите во Европа. Та преработува околу 70 проценти од отпадните води во реонот на Париз.
Comments are closed for this post.