Во соработка со Град Скопје во изминатиот и тековниот период се одвиваат постојани и интензивни активности за реконструкција на сообраќајници во општина Ѓорче Петров.
Во тек е реконструкција на коловозот на дел од улицата Ѓорче Петров во должина од околу 1.500 метри со што ќе се подобри сообраќајот на една од најфреквентните улици во овој дел од градотl највуваат општинските власти.
По подолго време се реконструира западниот влез на нашиот град.Се очекува градежните работи на оваа улица да завршат пред почетокот на новата учебна година.Претходно, Град Скопје во општина Ѓорче Петров интервенираше и на улиците: Исаија Мажовски, Панко Брашнаров, како и три крака на улица Лука Геров.Градската власт преводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов и општинската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски остануваат целосно фокусирани на развој и унапредување на инфраструктурата во општина Ѓорче Петров.
Преку конкретни мерки и активности, секојдневно работиме во интерес на граѓаните и ги подобруваме секојдневните услови за живот.
Comments are closed for this post.