Бурна комисиска расправа на првиот ден од иницијативата за уставни измени.Комисијата за уставни прашања е првиот чекор од каде треба да почне промената на македонскиот устав.
Откако спикерот Џафери ја отвори седницата со говор на Албански јазик воведно обраќање имаше премиерот Зоран Заев кој уверуваше дека со Договорот со Грција нема ништо спорнно и побара поддршка од сите пратеници. Тој бара од нив да покажат дека ја поддржуваат евроатланската идинина и оти не треба да подлегнуваат на притисоци.
Според премиерот, решаваме дведецениски спор со кој земјата треба да ја извлечеме од стегите на изолацијата.
По Заев, се обрати поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски кој нагласи дека ова чувство на наметнато туѓо решение, дополнително се зацврстува кога во споредба ќе се земат изјавите на владините први луѓе од јануари оваа година, кога тврдеа дека можно е да се постигне решение со Грција без да се менува Уставот на Република Македонија.
Само по 4 месеци, во мај оваа година истите луѓе уверуваа дека единствен достоинствен компромис со Грција е името Република Илинденска Македонија, и дека тоа е веќе договорено на највисоко ниво, а дека доколку не се прифати тој пакет, Министерот за надворешни работи рече дека како чин на одговорност ќе си поднесе оставка
Додека Вељановски говореше, премиерот Заев кој седеше до шефот на дипломатијата Димитров неволно одмавнуваше со главата.
За време на расправата кога пратениците говореа со повишен тон, Џафери беше принуден да ѕвони со ѕвончето што се наоѓаше на неговата маса.
Пратеникот Илија Димовски, реплицирајќи и на пратеничката од СДСМ Соња Мираковска која тврдеше дека македонскиот идентитет е заштитет нагласи дека песната „Врана коња јавам јас“, „Ибраим оџа“ познатото оро кое се игра денеска во Македонија, песна „Дафино вино црвено“, седум-осминскиот такт, се настанати во Егејска Македонија, а со овој Договор со Грција нема да бидат наследство на Македонија, туку остануваат во наследство на Грција.
Comments are closed for this post.