Премиерот Зоран Заев најави дека идната недела ќе продолжи со смените на функционерите од вториот и третиот ешалон. Рече дека во тек се разговори со поголем број директори и дека некаде до 9 јули може да се очекува смена на 20 до 25 директори.

Ваквата изјава премиерот ја даде денеска на промоцијата на системот за електронска наплата на патарините.