Вистински хаос настанал на прославата на 90. роденден на поранешната прва дама на Филипините, Имелда Маркос, кога околу 130 гости и нејзини поддржувачи завршиле во болниците во Манила поради труење со храна.
Медицинскиот персонал изјави дека во болниците биле донесени многу пациенти со симптоми на вртоглавица, повраќање и дијареа. Медиумите објавија дека најмалку 137 лица биле задржани на болничко лекување, а сомнежите се дека труењето е предизвикано од салмонела.
Ќерката на Имелда, Име Маркос, која е сенаторка, за медиумите изјави:„Храната можеби беше расипана, но ние остануваме цврсти“.
Славеничката Имелда Маркос не била затруена со храната.
Имелда беше славна не само поради нејзиниот сопруг, поранешниот филипински диктатор Фердинанд Маркос, туку и по огромната колекција на чевли, накит и уметнички дела.
Таа беше обвинета за повеќе дела за корупција по смртта на нејзиниот сопруг во 1986 година, а беше осудена на 11 години затвор.
Нејзиното семејсто и натаму е силно на Филипни, а самата Имелда има блиски врски со сегашниот претседател Родриго Дутерте.
Comments are closed for this post.