Во Шведска денеска стапува на сила забраната за пушење на отворено на некои јавни места, како што се игралишта и перони на железничките станици.
Со новите правила, исто така, се забранува пушење во отворените делови на рестораните, како и во сепарињата за пушачи.
Забраната вклучува и електронски цигари.
Официјалните податоци покажуваат дека во 2016 година, 11 отсто од 10 милиони жители на Шведска пушеле, додека 10 отсто пушеле повремено.
Шведска во 2005 година го забрани пушење во барови и ресторани.
Целта на новиот закон е до 2025 година пушењето целосно да биде забрането во таа скандинавска земја.
Comments are closed for this post.