Холандија најави сериозна борба со перењето пари и за таа цел сака да ги ограничи сите уплати во кеш над 3.00 евра. Но, тоа е мерка на домашен, терен, додека на европско ниво предлага да се повлечат од оптек банкнотите од 500 евра.
Холнадската влада проценува дека годишно во Холандија се перат околу 16 милијарди евра, пари стекнати со нелегални бизниси или криминал.
Во моментов во таа земја секој мора да пријави трансакција на готовина над 10.000 евра, но наскоро таа сума ќе се лимитира на само 3.000.
Министерот за правда изјави дека за таа мерка разговарал со полицијата откаде му било гарантирано дека „полицијата е во ред со тоа и ќе може да го спроведе законот“.
Сепак, лимитирањето на плаќањето во готовина се однесува само за големите добавувачи, или продавници, но нема да важи ако некоја зделка е направена на пазар. Доколку се постигне договор за купопродажба на некој произвид над 3.000 евра меѓу две приватни лица, во тој случај забраната не важи.
Comments are closed for this post.