Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во вториот дел од дебатата во Собранието на Република Северна Македонија, на чијшто дневен ред се пратенички прашања го искоментира не покачувањето на цената на струјата за домаќинствата.

„Либерализацијата е почаната, од 1.јули почнува, ја држи фиксна цената, не се зголемува цената за домакинствата, а 20 – 30 проценти од трговските компании од помал обем ќе имаат намалување од 140 на 80 евра по мегаватчасови.Денеска се потврдија тврдењата дека нема зголемување на цената на струјата. Многу е значајно, не поради тоа што излезе нашата теза дека нема да се зголеми цената на струјата, туку дека водиме грижа за социјалниот аспект на нашите граѓани, тоа за нив значи заштеда на средства. И во меѓувреме се воведе ефтината тарифа на струјата којашто за една година заштеди 8 милиони евра, другата година 11.4 милиони евра, пари останати кај граѓаните, не ги плаќаат користејќи ја ефтината тарифа на струјата.