Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на маргините на Самитот на Г-20, што се одржува во јапонскиот град Осака, на клавир ја отсвири Химната на ЕУ – „Одата на радоста“.
Фотографија од изведбата на Јункер на Твитер објави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас со коментар: „Одата на радоста на мултилатерализмот“
Ние веруваме во трговијата, бидејќи таа од полза за нас и за другите. 36 милиони работни места во ЕУ се поддржани од извозот, а речиси 700.000 мали бизниси имаат корист од меѓународната трговија, напиша Схинас под фотографијата.
An ode to the joy of multilateralism. #G20OsakaSummit #OsakaG20 pic.twitter.com/1f1EC01qzX
— Margaritis Schinas (@MargSchinas) June 28, 2019
Официјалната химна на ЕУ е дело на германскиот поет Фридрих Шилер, кое композиторот Лудвиг ван Бетовен го искористил како композиција во неговата Деветта симфонија.
Comments are closed for this post.