Министерството за економија има рок од седум дена да ја испита правната исполнетост на барањето на „Еуромакс ресурсис“ ДОО Скопје за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот Иловица во општините Босилово и Ново Село, рече денеска на прес-конференција портпаролот ан Владата Муамет Хоџа, соопштувајќи ја одлуката што беше донесена на вчерашната 141. седница.
Доколку не се исполнети правно-формалните аспекти, ќе биде одбиено барањето односно еднострано ќе биде раскинат договорот за концесија. На прашањето дали е направена анализа колкава ќе биде штетата во тој случај, портпаролот одговори дека најпрво ќе се почека извештајот на Министерството за економија.
На наредната владина редовна седница ќе биде донесена официјалната одлука. Значи, за седум дена Министерството за економија треба да соопшти дали се испочитувани сите услови, рече Хоџа.
Еколошките здруженија од струмичкиот регион овој пат се оптимисти дека компанијата нема да може да го изгради рудникот. Сепак, тие ќе продолжат со блокади, а ако е потребно ќе протестираат и пред Владата.
Comments are closed for this post.