Македонскиот репрезентативец Димитар Димитриоски е нов член на Вардар. Левото крило потпиша двегодишен договор со „црвено-црните” и ќе му биде замена на Тимур Дибиров во новата сезона.
Со доаѓањето на 21-годишниот Димитриоски клубот продолжи со засилувањето и подмладувањето на тимот во добрана на европската титула.
„Вардар секогаш сакал во своите редови да има млади, перспективни и не афирмирани ракометари. Тимот им дава шанса за напредување и за покажување на својот квалитет. Димитриоски не е само талентиран туку и квалитетен играч. Младоста е негова предност, и очекуваме истата посветеност со која и досега играше да биде негова препознатливост. Вардар ќе му даде шанса, и очекуваме дека истата ќе ја искористи. Пред клубот се нови предизвици и со новите сили заеднички да продолжиме со добрите настапи“, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Димитровски пет години настапуваше за екипата на Металург. Последната сезона го освои Купот на Македонија, а играше и во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Беше на списокот на репрезентативци за настап на СП 2019 година, но поради повреда на последниот тренинг пред тргнување отпадна од комбинација.
Comments are closed for this post.