Легендарниот италијански стадион „Сан Сиро/Џузепе Меаца“ ќе биде урнат, а во непосредна близина на неговата сегашна локација ќе биде изграден нов. Како што пишува „Газета дело Спорт“, работите на новиот стадион треба да завршат во сезоната 2022-23 или најдоцна до сезоната потоа (2023-24) и ќе има капацитет од 60 илјади гледачи.
Почетокот на изведбата на овој план доаѓа во договор на двата клуба, Милан и Интер, коишто и натаму ќе ги играат своите домашни натпревари на новиот стадион. Тоа го потврдија претседателот на Милан, Паоло Скарони заедно со извршниот директор на Интер Алесандро Антонело.
Ќе конструираме нов ‘Сан Сиро’, веднаш до стариот, на истата парцела. Сегашниот стдион ќе биде урнат и на негово место ќе бидат изградени нови згради“
Една од идеите зад планот да се гради нов „Сан Сиро“ е тоа што Милано е кандидат за организација на Зимските олимписки игри, заедно со Стокхолм, и во случај да ја добие организацијата отворањето на Олимпијадата ќе се одвиба токму на новиот стадион.
Сегашниот стадион беше отворен во 1926 година и има капацитет од нешто повеќе од 80 илјади гледачи.
Comments are closed for this post.