Премиерот Заев го достави предлогот за нови министри до Собранието, потврдуваат оттаму. Спикерот Џафери го прими предлогот и ќе го достави до пратениците. Во следните неколку денови може да се очекува изборот да се најде на собраниска седница.
Трајан Димковски ќе биде нов министер за земјоделство. Тој доаѓа на местото на Љупќо Николовски кој ќе биде генерален секретар на СДСМ.
Насерт Нуредини ќе биде минситер за животна средина и просторно планирање. На местото на Садула Дураку кој пак од животна средина оди во новото министерство за политички систем.
Лидерот на ЛДП Горан Милевски е предлогот на премиерот за нов министер за локална самоуправа на местото на Сухејл Фазлиу.
На испразнетото место во министерството за култура доаѓа Хисни Исмаили.
Comments are closed for this post.