На островот Сејмор, на Антартикот, палентеолози открија фосилни остатоци од огромен морски рептил, долг 11 метри од муцката до крајот на опашката. Се претпоставува дека тежел 15 тони, како и дека живеел пред неколку милиони години.
Најверојатно станува збор за еласмосаурус (подвид на плезиосаурус – огромен морски влекач, месождер, кој живеел пред околу 200 милиони години), за кој се знае дека живеел во Северна Америка во периодот креда.
Научниците тврдат дека ова е долгоочекуван доказ дека ова суштество некогаш пливало во океаните.
Со години беше мистерија. Воопшто не знаевме дали станува збор за еласмосауруси. Тоа е нова, невообичаена врста на плезиосауруси за која никој не знаеше“ изјави Хосе О’Горман од Националниот совет за научни и технички истражувања за Нешнл географик.
Фосилни остатоци од периодот креда и претходно се пронаоѓани на Антартик, но последно откриениот е еден од најкомплетните досега. Инаку, огромниот фосил за прв пат е забележан во 1989 година, но тогашната експедиција не располагала со ресурси да го откопаат, пренесува Лајф сајанс.
Научниците потоа, на три пати, 2005, 2012 и 2017 година заминале на Антартик и вршеле ископувања за да ги извлечат фосилните остатоци тешки 800 килограми.
Фосилизираните коски се уште се склопуваат.
Comments are closed for this post.