Свиркач, до редакцијата на „Економски Лидер“ доставил аудио снимка на која се слуша како градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари, лишува од слобода, тепа и измачува човек во неговиот кабинет.
„Ајде седни, чекај да ја заклучам вратата за да не ми избегаш. Имам со тебе да завршам некоја работа“, вака со лишување од слобода, почнува аудио снимката, која свиркачот ја достави до редакцијата.
Понатаму во аудиото, како што додава медиумот се слуша како градоначалникот Курто Дудуш го прашува киднапираниот зошто го пцуел „на сред центар“ и почнува физички да го измачува.
Comments are closed for this post.