Премиерот Зоран Заев, коментирајќи ги новите „бомби“ кои се појавија на социјалните мрежи нагласи дека сега има закон и оти треба да се постапува по законот.
Она што е важно е дека во времето кога се објавуваа бомбите тие се објавуваа отворено со целата грижа за водење на приватноста и тоа покажа што е чесен однос кон државата. Уште тогаш најавивме дека една третина се кај нас материјали кои подоцна ги предадовме на Специјалното јавно обвинителство. Сега очекува институциите на системот да настапат заради тоа што постои закон затоа, тоа е дел од Пржинскиот договор. Законот е донесен, апелирам и до СЈО,но и до Обвинителството за организиран криминал, МВР, сите поупорно и попосветено да си ја вршат својата работа за да може да се почитуваат законите во државата-објасни Заев.
Comments are closed for this post.