Полицијата во Грузија користеше гумени куршуми пред парламентот во Тбилиси при што повеќе лица беа повредени за време на антивладините протести, објави РТ. Демонстрантите претходно се обиделе да влезат во парламентот и побараа оставка на раководството.
Околу 5.000 лица се собраа пред парламентот за да го осудат учеството на руската делегација на сесијата на Интерпарламентарното собрание на православието во грузискиот главен град. Демонстрантите се разбеснале откако во парламентот се обратил рускиот парламентарец Сергеј Гаврилов и тоа од местото на спикерот на парламентот.
За време на паузата парламентарците го запоседнале спикерското место и го спречија продолжувањето на самитот, а рускиот парламентарец Гаврилов бил испрскан со вода од грузиските колеги.
Надвор полицијата се справуваше со демонстрантите кои фрлаа со што ќе стигнат врз полицајците.
Состојбата многу се вжешти. Имаше мало стишување, но потоа масата тргна во нов напад. Камења, стапови и шишиња се фрлаа врз полицајците. Специјалците употребија гумени куршуми и донесоа солзавец“, изјави продуцент на Раптли.
Кака Калaѕе, градоначалникот на Тбилиси, поранешната фудбалска ѕвезда на Милан, ги повика демонстрантите да се воздржат од насилство испровоцирано од „политички провокатори“.
Comments are closed for this post.